По 10-годишна специјализација во полето на неврохирургија во Германија, во текот на која 3 години работев како Одговорен на Неврохируршката болничка клиника, се вратив во Грција. Исто така, работев 10 години во Неврохируршката клиника на големата државна болница Папаниколау.

Денес, работам во приватниот медицински сектор, а хируршки зафати вршам во Европскиот Интербалкански здравствен центар, најголемата клиника на Солун, со современа хируршка опрема и Единица за интензивна грижа на возрасни лица сертификувана по ISO.

Учествував на повеќе од 120 конференции и во околу 100 извештаи во грчки и меѓународни  конференции и списанија, бидејќи верувам дека постојаното информирање и специјализација се неопходни. Неврохиругијата се развива со огромни чекори и во последните 15 години се случуваат големи медицински постигнувања што секој искусен лекар треба да ги примени во својата лекарска пракса.

Поседувам искуство од речиси 7.000 неврохируршки зафати во Грција и во Германија. Имам специјализација во микрохирургија и во новите, минимално оперативни техники (МИС).

Се занимавам со болести кај возрасни лица и кај деца над 12 години. Поспецифично:

  • Мозочни болести како: бенигни тумори (менингиоми, невриноми, аденоми на хипофиза), малигни тумори (глиоми, метастатски тумори), болести на крвните садови – аневризми, хидроцефалус, тригеминална невралгија, епилепсија, болести на черепната база.
  • Болести на ‘рбетниот столб како: цервикална дискус хернија, рбетна дискус хернија, дискус хернија на градниот кош, примарни и секундарни метастатски тумори на ‘рбетниот столб и ‘рбетниот мозок, фрактури, хематоми, хронични болки од неврогена етиологија, спастичност и др.
  • Болести на периферните нерви како: пареза на улнарен нерв, синдром на карпален канал.

Кога е неопходно за најдобар резултат, соработувам со врвни лекари од други специјалности. Хируршки зафати вршам само кога откако се исцрпиле сите останати опции со конзервативни терапии, на кои им давам особена важност.

Можеме да разговараме откако ќе закажете средба, на грчки или германски јазик, за да ви го предложам најдобриот терапевтски избор за вашиот проблем.

Николаос Баскинис, неврохирург 

 

Телефонски број за средба:  6944367971

Е-пошта: nbaskinis@yahoo.com

Ординација: Цимиски 126, 5-ти кат, Солун 54621, тел. бр.: 0030 2310 242 658

Интербалкански здравствен центар: утрински часови, откако ќе закажете средба – тел. бр.: 2310 400 000

 

 

Николаос А. Баскинис